еМагазин
Image default
Бизнис

Николовски: Лозарите ќе ги добијат своите пари за предаденото грозје во винарските визби „Повардарие“ и „Стефанс винарија“

Владата заедно со Министерстсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство мора да ја затвори како прашање исплатата на долговите од винарската визба „Повардарие“ и винарницата со германски капитал „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија)  и лозарите мора да ги добијат своите пари, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„Се трудиме да правиме притисок и да ги решаваме напластените проблеми каков што првенствено беше со винаријата „Повардарие“ која на лозарите им должеше близу четири милиони евра.

Денеска вршевме инспекциски увид и констатиравме дека „Повардарие“ уште исплаќа и оти во овие два месеца се исплатени 200 илијади евра. Останува по долгот за 2015 и 2016 година да се доисплатат уште 500 до 600 илјади евра. Министерството координира да го направиме на некој начин тоа што може да го сториме како држава.

Разговараме да ги мотивираме што побрзо да се најде решение за овој проблем зашто лозарите имаат побарувања од околу 30 милиони денари од винаријата Стефани кои мора да бидат исплатени“, изјави Николовски.

Веќе утре како што  што посочи министерот Николовски, е закажан состанок со градончалниците на Кавадарци и Неготино, со пратениците од тој регион и со претставници на лозарите, а пртетходно ќе има и состанок со стечајниот управник на винаријата Стефани и со претставниците на банките.

Фото: МЗШВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави надоместоци имале членовите на Одборот на директори на ГТЦ лани

Редакција

Бизнис-планот на Алкалоид за 2024 година предвидува консолидирани продажби од над 295 милиони евра

Редакција

Пред отказ илјадници работници во текстилните компании

Редакција