еМагазин
Image default
Балкан

(Фото) Комунистичката партија на Грција закачи пано на Акропол против Договорот од Преспа  

Порака против Договорот од Преспа, на грчки и англиски јазик, преку две паноа закачени на Акропол, испратија членовите на Комунистичката партија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

„НЕ“ за договорот на Ципрас- Заев, за плановите на САД-НАТО-ЕУ, за иредентизам и национализам. „ДА“ за пријателство – солидарност и заедничка борба на народите“, пишува на паното што рано утринава осамна на Акропол, закачено од членови на Комунистичката партија и на подмладокот.

Воедно, тие ги повикуваат граѓаните да учествуваат во анти-империјалистичките протести во Атина, Солун и Лариса, закажани за попладнево.

Фотографиите ги објави информативниот портал „902“, што важи за гласник на партијата.

МИА/Фото: www.902.gr

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во спот на Независни Грци Заев се претвора во Александар Велики

(ВИДЕО) Заради Договорот од Преспа со молотови коктели нападнат домот на пратеничка од СИРИЗА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ќе донира 150.000 вакцини „АстраЗенека“ на земјите од Западен Балкан

Редакција

(Фото) Српскиот претседател Александар Вучиќ се вакцинираше, се одлучи за кинеската вакцина

Редакција

Двајца српски туристи заразени со корона вирусот во Едипсос на грчкиот остров Евиа, а 87 се негативни

Редакција