Освен што државата и локалната самоуправа треба да сторат се за на граѓаните да им овозможат да дишат чист воздух, редно време е секој поединец да сфати дека одговорноста лежи и во него како индивидуа.
Многу често сме сведоци на искршени инвентари по парковите, уништeно зеленило, загадена околина од самите граѓани. Службите не можат толку да исчистат, колку што вторите можат да загадат и уништат.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје, регистрирале ужасни глетки во Рајскиот парк во Аеродром.
„Имено, неколку од туку што насадените млади садници се искршени и извадени од корен и нема можност повторно да се вратат во живот. Корпите за отпадоци се демолирани, како и сандачето за струја за работа на пумпите за наводнување. Апел до сите граѓани – со своето знаење направете било каков чекор во придонес за поздрава животна средина за сите нас“, велат од ова претпријатие.
Фото: Фејсбук-страница на ЈП „Паркови и зеленило