еМагазин
Image default
Балкан

Несреќа на Шар Планина: Во лавина загина заменик-министер во косовската влада

Заменик-министерот за дијаспора на Косово, Аријан Даци, загина во лавина на Брезовица, која се наоѓа на косовската страна на Шар Планина, пишува српски blic.rs повикувајќи се на косовските медиуми.

„Газета експрес“ пренесува дека претставникот на полицијата во Урошевац, Басри Шабани потврдил дека лавината на Брезовица однела човечки животи.

Смртта на Даци, син на некогашниот претседател на косовскиот парламент Неџад Даци, ја потврдиле и претставници на косовската влада.

Неофицијално, жртвите скијале на необележани патеки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Долги редици за „Медена земја“ пред билетарница во кино во Белград

Редакција

Трајно одземени 148.000 евра на македонски државјанин на преминот Прешево-Табановце

Редакција

Драстичен раст на заразени со коронавирусот во Грција, бројот се искачи на 31

Редакција