еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Фрчковски по три децении на државниот Универзитет, ќе предава на ФОН

Студентите на Универзитетот ФОН во новиот семестар со нов професор и нов декан на Факултетот за правно – политички науки – Проф. Д-р. Љубомир Фрчковски, најави на својот Фејсбук профил, сопственикот на Универзитетот ФОН, Сефер Цаноски.

Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи, современи политички теории и др.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.

Повеќе од 3 децении работеше на државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Работниот однос со Универзитетот ФОН го започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март.

Фото: Фејсбук/Цаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и ветровито време денеска, температура и до 33 степени

Редакција

Кои се обичаите: Почнува рамазанскиот пост

Редакција

Семејството Заеви донираше амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница

Редакција