Деновиве во грчкиот Парламент се очекува да помине и ратификацијатата на Протоколот за прием на Македонија во НАТО, со што Договорот од Преспа и официјално ќе стапи на сила, па Република Македонија ќе треба да почне да го користи новото име име – Република Северна Македонија.
Договорот меѓудругото ја дефинира и употребата на знамето со ѕвездата од Кутлеш (Вергина).
Според него, во Македонија нема да смее да се употребува истото и тој симбол треба да биде отстранет од сите јавни места.
„Втората страна (Македонија, н.з.) нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба“, стои во Договорот.
Македонија во периодот од 1992 до 1995 година имаше државно знаме со ѕвездата од Кутлеш. По масовните протести во Грција за „ексклузивните права“ за ѕвездата, Македонија го смени државното знамето.
Предлогот за државно знаме на Македонија, со ѕвездата од Кутлеш, беше поднесена до Собранието од Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес на 6. август 1992 година.
Денеска знамето се уште има масовна употреба, како и ѕвездата од Кутлеш (Вергина).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа