еМагазин
Image default
Македонија

Утре треба да бидат распишани претседателските избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери утре треба да ги распише претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури. Генералниот секретар Александар Кирацовски денеска потврди дека процесот е во тек и оти на партиски конгрес на 3 март ќе биде официјалниот избор на кандидатот.

На огласот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави имињата на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапи со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение. ДУИ, вели пратеникотн Џевад Адеми, е комотен има и кандидати и квалитети и опции.

Во врска со евентуалното одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските што ги бара опозицијата, Кирацовски најави дека многу скоро одлуката на партијата по ова прашање ќе биде донесена и објавена.

-Се уште се прават анализи на аргументите за и против. Разгледувањето на аргументите трае долго затоа што државните интереси за СДСМ се секогаш пред партиските. Теснопартиски гледано на СДСМ му одговара да оди на предвремени парламентарни избори, но се анализира дали тоа ќе значи забрзување на процесот на развој на државата или закочување, рече Кирацовски.

Во Собранието денеска треба да се состане Комисијата за селекција, која треба да го изврши да го изврши рангирањето на кандидатите за идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Новиот состав на антикорупциската комисија треба да биде изгласан најдоцна утре, за таа да може да го следи и овој изборен процес.

Согласно новите ингеренции, Антикорупциската комисија ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори или промена на Уставот: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску или далеку до договор?

Редакција

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје почнува вакцинирањето со „Спутник V“

Редакција

Бугарската делегација предводена од премиерот Петков, пристигна во Скопје

Редакција