еМагазин
Image default
Македонија

Украинскиот претседател Порошенко: Македонија го осуети планот на Русија да и го блокира патот кон НАТО

Актуелниот украински претседател Петро Порошенко, кој од денеска е и официјално кандидат за претстојните претседателски избори, изјави дека: „Русија се обиде да го блокира влезот на Република Северна Македонија во НАТО, но Македонија тоа го надмина покажувајќи единство“.

-Патот на Република Северна Македонија беше многу тежок, но земјата покажа единство и ги уништи плановите на Русија, која се обидуваше да го оневозможи тој важен чекор кон јакнење на безбедноста на Европа. И вратата на НАТО е отворена за 30-та членка, истакна Порошенко.

Протоколот меѓу Македонија и НАТО беше потпишан вчера, со што е отворен патот за членство на земјата во Алијансата.

Порошенко наведе дека процесите за пристапување во НАТО и ЕУ се меѓусебно поврзани.

Тој за тоа говореше во текот на денешната седница на Врховната рада на која се расправа за измените на Уставот со цел побрзо чекорење кон полноправно членство на Украина во ЕУ и НАТО.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија: Единствена закана за Македонија е косовската армија обучена од НАТО

Русија: Пристапувањето на Македонија во НАТО никому нема да донесе добро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Приватните специјализанти од денеска во генерален штрајк додека не се исполнат нивните барања

Редакција

Кривична за Миленко Неделковски за ширење говор на омра за пожарите во Грција

Редакција