Собранието на Република Македонија денеска со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас „против“ ги избра новите членови на Антикорупциската комисија.
За претседател на Комисијата е избрана Билјана Ивановска, која била најдобро рангирана од кандидатите кои конкурирале за тоа место, а за членови се именувани Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеновски и Шемши Салаи.
Пратеникот Јован Митревски од СДСМ во текот на расправата рече дека изборот на новите членови на Антикорупциската комисија е направен транспарентно и оти била оневозможена каква и да било партиската поврзаност.
Владанка Авировиќ, која беше дел од Комисијата за селекција оцени дека е добар начинот на кој се избрани кандидатите и оти на најмало можно ниво бил сведен субјективизмот.
– Како пратеници во натамошниот период мораме да дадеме придонес како пратеници да ги избираме на сличен начин скоро сите регулатнри тела, агенции…, рече Авировиќ.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека ќе гласаат воздржано за да покажат одредена резерва во однос на сегментите за непропорционално бодување на интервјуираните кандидати.
– Го поздравуваме заклучокот на Комисијата да бидат објавени индивиуалните бодувања за да може и јавноста да ја види дискрапанцата во одредени бодувања, рече Мицковски, додавајќи дека првите реални резултати на оваа комисија се очекуваат веќе на претстојните претседателски избори.
Предлогот за претседател и членови на Антикорупциската комисија денеска помина и на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
На јавниот оглас, од пријавените кандидати беа селектирани 57 кои беа интервјуирани до средата од страна на посебна Комисија за селекција. Секој кандидат можеше да добие максимум 100 поени. Искуството и достигнувањата во борбата против корупцијата носеа максимум 40 бодови, а 60 кандидатите можеа да добијат врз основа на тоа како се покажале на интервјуата.
Согласно новите овластувања на Државната комисија за спречување на корупцијата, таа може да го следи и претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џабе толку фама околу Антикорупциска, ако идните членови не работат како што треба