еМагазин
Image default
Македонија

Белопета: Врапчињата ќе запеат и за „Скопскиот џез фестивал“, па наскоро ќе ја дознаеме и целата содржина на песната

Директорот на „Скопски џез фестивал“, Оливер Белопета реагира на изјавата на министерот за култура, Асаф Адеми синоќа во воведниот дел на Топ тема на телевизија Телма, кој повтори дека манифестациите како „Скопскиот џез фестивал“ (со тоа и “ОФФест“) и “Златното славејче“ се одбиени на конкурсот поради немање документација, што според Белопета е ноторна невистина.

„Дека тие сметаат дека се над законите и процедурите (екстремно груба инсинуација) и дека се молени да ја достават документацијата (а никој нема зазвонето на телефон). Ова го вели министерот и покрај моите две писмени укажувања до него на овие неточности, (последното минатото сабајле) и постоењето на сосем солидна правна служба во Министерството, која може да ги провери сите документи, вклучувајќи ги оние и на фантомските фирми, не оставајќи само документите да талкаат во и околу Комисиите.

Згора, оваа изјава на Адеми доаѓа во денот кога сите врапчиња во Скопје пропеаја дека документот за обезбедена сала кој „недостигал“ за „Златното славејче“ е пронајден во архивот на Македонската филхармонија и, замислете си, наеднаш, и во Министерството. Што значи дека можеби славејчињата сепак ќе запеат, спротивно на волјата на комисијата за музичко-сценски дејности! Врапчињата ќе запеат и за „Скопскиот џез фестивал“,бидете трпеливи, па наскоро ќе ја дознаеме и целата содржина на песната.

Јас, „менаџер кој се замислува дека е над сите закони и процедури“, деновиве, а и пред нив требаше да бидам и семоќен детектив, па да истражувам како кај Комисијата исчезнуваат и се појавуваат документите од апликациите, случајно или намерно (недај Боже, за тоа кривично се одговара) и кој и кому дава погрешни информации (ако треба, и на Премиерот!). Сепак, успеав доволно да ја прочитам објавената Годишна програма и да ги проследам реакциите по неа.

Според мое длабоко убедување лакрдијата не сме да биде заташкана со прегледување на неодобрените проекти, туку резултатите да бидат поништени и да се изрши ревизија и на одобрените апликации. Но, не со оној дел од Комисиите кои не ја завршиле работата како треба и биле извориште на многу неправилности, туку со нови. Нова комисија за музичко-сценски дејности сигурно“, вели Белопета во неговата реакција на Фејсбук.

фото: Фејсбук-профил на Оливер Белопета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Скопски џез фестивал, Белопета го демантира Заев

И Белопета во шок: Реномираниот „Скопски џез фестивал“ не доби пари од Министерство за култура

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Богоев не открива дали ќе биде новиот директор на Царина, но потврди дека се разговарало во партијата

Редакција

Фејсбук го „подбра“ Павле Богоевски: „Тие со маските немаше да влезат ако не им отвореше некој од внатре“

Редакција

Јовица Стојановиќ разрешен од директорското место во КПД Идризово, за в.д назначен Реџеп Реџепи

Редакција