На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се сместени четворица пациенти со сериозни повреди од сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, а вчеравечер во Ургентниот центар бил префрлен уште еден пациент, кој претходно бил сместен на одделение во болницата „8 септември“.
Девојката на која и беше ампутирана ногата, по две операции, е во тешка, критична состојба. Во тешка состојба е и уште еден пациент со торакална повреда, кој е во единицата за интензивна нега. Утрово на повредите добиени во сообраќајката им подлегна и 39-годишен маж.
За ова денеска информираа министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Ургентниот центар, Илир Хасани.
Хасани изјави дека пациентот бил примен и опериран меѓу првите пациенти кои се донесени на клиниката, но поради сериозноста на повредата следниот ден бил повторно ревидиран и била направена хемостаза и обид да се спречи тешкото згмечување и крварење на белиот дроб. После интензивен конзервативен и оперативен третман на пациентот, денеска во утринските часови за жал пациентот им подлегнал на повредите.
Во Градската општа болница „8 Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несреќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив, 14 пациенти се стабилни и се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се на респираторна машина и се во животозагрозувачка состојба. Тројца пациенти се нестабилни, во тешка здравствена состојба под опсервација и мониторинг.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина уште едно лице: 15 жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци
„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи