еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Анализа: Во сообраќајни несреќи по нашите патишта, животот го губат 158 лица годишно

Во Македонија, секоја година во периодот 2008-2017 година, во просек се случувале по 4.141 сообраќајна несреќа во коja имало загинати, потешко и/или полесно повредени лица (во кои не се опфатени сообраќајните несреќи со материјална штета).

Притоа, животот го губеле во просек 158 лица, а потешко и полесно биле повредени по 6.285 лица.

Ова се вели во кратката анализа на Центарот за интернет, развој и добро владеење „Импетус“.

„Причините за големиот број на сообраќајни несреќи најмногу се наоѓаат во субјективниот фактор – човекот, што упатува на заклучокот дека анализата на безбедноста во патниот сообраќај, првенствено треба да биде насочена кон проучување на одговорноста и карактеристиките на човекот како учесник во сообраќајот.

Учесниците од една страна се директни причинители за настанување на сообраќајни несреќи, но истовремено и директни жртви од нив. Тие може да настрадаат поради опасните (неправилни, непрописни, неодговорни) однесувања на другите учесници, но и поради сопствените грешки.

Според пресметаните индикатори се констатира дека сообраќајно-безбедносна состојба на патиштата во Република Македонија е неповолна. Тенденциите во функционирањето на сообраќајот на патиштата, се алармантни, загрижувачки и неприфатливи за нашето општество“, се вели во анализата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца од петмината осомничени за убиството на Вања и Панче го признале делото

Редакција

Убава вест: 450 оздравени од Ковид-19

Редакција

Владата објави „црна листа“ на борци од Македонија кои се бореле за ИСИС во Сирија

Редакција