еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Заев и Ципрас во Минхен ја добија наградата „Евалд Фон Клајст“

Синоќа во Минхен, Германија, на македонскиот премиер Зоран Заев и премиерот на Грција, Алексис Ципрас, им беше врачена наградата „Евалд Фон Клајст“, што ја доделува Минхенската конференција за безбедност.

Наградата им е доделена на двајцата премиери за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.

Домаќин на церемонијата беше премиерот на Федералната држава Баварија, Флориан Херман.

Заев и Ципрас и официјално се номинирани и за Нобелова награда за мир.

Фото: Заев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши распитот, таткото на Вања негира дека му давал информации на Љупчо Палевски за ќерка му

Редакција

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Редакција

„Дивље Јагоде“ ќе одржат концерт во Македонска филхармонија на 27. септември

Редакција