еМагазин
Image default
Македонија

Почнува судењето за „Талир“ на СЈО, за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир“ што се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Немавме контакт со талибанци“: Почнаа да пристигнуваат македонските граѓани евакуирани од Авганистан

Редакција

Фетаи: Ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги

Редакција

Маричиќ позитивен на Ковид-19, нема да оди со Владата во Бугарија

Редакција