Mинистерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас, кој е во посета на нашата држава, и денеска со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски потпишаа Меморандум за разбирање и поевтин роаминг, се заблагодари за гостопримството од страна на неговиот домаќин.
Тој додаде дека според она што го искусил овие два дена, во Северна Македонија има одлично вино, мезе слично на грчкото, а и музиката ја оцени за слична.
Според него со проблемот за името овие децении, двете држави изгубиле многу и рече дека сигурно позицијата на регионално ниво, па и пошироко би била поинаква.
За Договорот од Преспа оцени дека треба да биде договор за луѓето, за тие да имаат конкретни бенефити од него.
Прес-конференцијата ја следеа и голем број на грчки новинари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените за роаминг со Грција ќе се намалат пред туристичката сезона и тогаш ќе се знае за колку
Фото: Влада