еМагазин
Image default
Македонија

Мицковски: Се апсат луѓе врз изјави на сомнителни лица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вечерва на прес-конференција по повод приведувањата на тројцата нивни членови изјави дека се вршат апсења врз основа на изјави на сомнителни лица.

Мицковски рече дека Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не се виновни и обвини дека СДСМ свесни дека народот не ги поддржува, сакаат да внесат страв и да ги деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

– Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден и не се плаши. Заев не ти се плашиме. ВМРО-ДПМНЕ и народот не ти се плаши. Ова што го правиш е лудило, ама ние сме спремни да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Македонија, рече Мицковски.

Му порача на премиерот и лидер на СДСМ дека ќе го порази на претседателските избори и оти веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.

– Нема бегање од поразот кој ти следи, ќе те победиме жестоко и со голема разлика, рече Мицковски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши распитот на Јанакиески и Ристоски, Обвинителството бара притвор

Вељаноски: Јас да бидам организатор на настаните? Срамота!

Обвинителството ги гони Вељаноски, Јанакиески, Груевски и Ристоски како организатори за настаните од 27. април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нефи Усеини и неговиот брат излегоа од притвор, дале гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра

Редакција

Ременски не чувствува вина за „Рекет“

Редакција

По скандалот со руските комичари: Заев нема да поднесе оставка, ниту пак некој од протоколот

Редакција