Во врска со состојбата на повредените лица во сообраќајната несреќа, која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари, од Министерство за здравство информираат дека во моментот во Градската општа болница се наоѓаат осум пациенти, од кои еден пациент е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба.
„Што се однесува до состојбата на повредените кои се сместени во комплексот клиники, информираме дека на КАРИЛ во моментов се третираат тројца пациенти, од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни.На Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка и таа во моментов е во стабилна состојба.Исто така, информираме дека пациентот од трауматологија во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување“, соопштуваат од Министерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јовески апелираше да не се обвинува возачот на автобусот, додека не заврши истрагата