еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук, нели телефоните се забранети во затвор

Мухамед Красниќи познат како командант Малишева стана „ѕвезда“ благодарение на Фејсбук статусите во кои се заканува, објаснува кој ги „натепал“ поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, се допишува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Да потсетиме дека истиот тој тип е во затвор, бидејќи е еден од лидерите на т.н. кумановска група, која стои зад настаните во Диво Насеље, при што беа убиени осум македонски полицајци, а 38 беа повредени.

Додека медиумите ја „плетат“ приказната што всушност се крие зад „претепувањето“ на Јанакиески и Ристоски и поврзаноста на инцидентот со кумановската група, а јавноста си најде нов сеир, да потсетиме дека мобилните телефони се најстрого забранети во затвор.

Или тоа не важи за командантот и неговите другари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ние бевме тие кои со нашите пушки Ве симнавме од власт“, му одговори командант Малишева на Мицкоски

Мицкоски за писмото од кумановската група: Осудениците од Диво Насеље му слугуваат на Заев за да добијат помала казна

Кумановската група со писмо им се закани на Ахмети, Груевски и Мијалков

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијата Наке Георгиев доби 30 дена притвор

Редакција

Поради ковид-состојбата, Бугарите забранија влез за граѓаните од Македонија од 19 јануари

Редакција

(Видео) Тешка сообраќајка на Партизанска, остатоци од автомобил под мостот Влајко

Редакција