еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пукање во струшко Поум: Убиено 23-годишно момче, повредено уште едно лице

Едно лице почина, а едно е повредено вечерва во престрелка во струшкото село Поум.

МВР ја потврди информацијата појаснувајќи дека настанот се случил околу 18 часот и 40 минути во селото Поум, кога У.В. роден 1997 година од истото село пукал кон З.Б. (1996) и В.Б. (1973), а имало други лица.

Според полицијата, З.Б. починал, а В.Б. бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга. Сторителот сам се пријавил во Полициската станица во Струга.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина има над 100 полициски станици ширум светот за да следат и заплашуваат свои граѓани

Редакција

Сите вакцинирани во Србија ќе можат да се ревакцинираат во Македонија, освен оние со „АстраЗенека“

Редакција

Дизелот поскапува за три денари, цената на бензините останува иста

Редакција