еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Најубава вест: Охрид и Македонија победија, Сара се врати дома жива и здрава!

Сара Настеска, за чие што лекување на нозе стана цела Македонија се врати од Германија, по успешното лекување таму, информираат на Фејсбук од нејзиното семејство.

“Сакаме да Ве известиме дека го поминавме најтешкиот дел од патот. Поминавме тешки моменти, сигурно најтешките во нашите животи, поминавме многу, но ги поминавме на крилата на поддршката која токму ВИЕ ни ја дадовте“, пишуваат од нејзиното семејство.

“Заврши третманот во болницата во Германија и состојбата на Сара секој ден се подобрува и нормализира. Треба да се направат повеќе контроли, да се почитуваат строгите насоки и препораки дадени од медицинските лица, но сепак, најтешкото е веќе зад нас.

Сега ние знаеме колку големо срце имаат охриѓани, но и сите граѓани од целата држава, од целиот свет, кои ни помогнаа кога ни беше најтешко. Секој збор е премал, што и да кажеме е недоволно за да ја изразиме нашата благодарност.

Единствено што можеме е да помагаме и ние натаму, колку што можеме, онаму каде што е најпотребно. Токму тоа и ќе биде нашата мисија и преку секоја спасена детска насмевка ќе кажеме по едно благодариме за се` што ВИЕ направивте за нас.

Од срце ВИ БЛАГОДАРИМЕ за секој денар, за секоја насмевка, секој збор за поддршка, секоја прегратка за да ја поделиме болката заедно. Ви благодариме ОД СРЦЕ“, пишуваат на Фејсбук од семејство Настески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Сара Настеска до Охрид замина на лекување во Германија

Аукција на потпишани спортски дресови за помош на Сара

Картите од продажбата за претставата „Не се клади на Енглези“ ќе бидат за помош за Сара

Општина Дебрца покажа како се може: Советот едногласно изгласал парична помош за Сара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат голема изложба во Кунстхале Виена со дела од вредната колекација на Музејот на современата уметност-Скопје

Редакција

Иселениците од САД по потекло од Дебарско, меѓу нив и познатата Бебе Реџа со донации за дебарската болница

Редакција

„Пежо 3008“ за најдобрите двајца типувачи на Sport Life!

Редакција