еМагазин
Image default
Македонија

Само Силјановска до сега собрала 10 илјади потписи за претседателските избори

Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија (ДИК) треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април.

За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е претендентите за шеф на државата да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

Од ДИК посочуваат дека за шестите претседателски избори во моментов потписи собираат седум кандидати и оти досега само кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова ги има собрано потребните потписи.

Сé уште е неизвесно дали заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски до ДИК ќе достави потписи од граѓани или од пратеници. Од СДСМ велат дека размислуваат и за двете варијанти.

Потписи за да учествува на претседателските избори собира и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и БЕСА.

Потписи за кандидатура собираат уште неколку претенденти за функцијата претседател на државата.

Собирањето потписи започна на 23 февруари а ќе заврши на 9 март. Доставувањето, пак, на кандидатурите завршува на 21 март.

На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. Досега се регистрирани само 413 македонски граѓани кои своето избирачко право ќе го остварат во дипломатско конзуларните претставништва на земјава.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Го избра ли власта „правиот“ кандидат за претседателските избори: Животот на Стево Пендаровски во 2,5 минути

Кој е Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса

Силјановска, Пендаровски, Река: Професорка трка на изборите за претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски позитивен на корона вирусот, хоспитализиран е на Инфективна клиника

Редакција

Светската органзација на контролори на летање, запознаенa со случувањата во М-НАВ

Редакција

Завршни зборови на Никола Митрески –Кољо за „27 април“: Бевме изманипулирани од политичарите и Тиранската платформа

Редакција