Студијата за раководењето со јавните претпријатија „Кој тоа таму управува?“, изработена од Институтот за демократија, покажува дека, (од анализата на биографиите), дури 5% од управувачките структури се со средно образование.
„Тоа што загрижува е дека за директори и членови на надзорни одбори се појавуваат личности со средно образование што е во спротивност со законските критериуми, каде високото образование е задолжително.
Така, 2% од директорите и 7% од членовите на надзорните одбори се со средно образование. Образованието е јасен формален критериум за именување утврден во законската рамка. Исполнувањето на критериумот лесно се утврдува со преглед на дипломи, а различната интерпретација е прилично тешка“, се вели во студијата.
Анализирано според областа на образованието, се забележува дека правните и економските студии доминираат во управувачката структура.
По нив следат природнонаучните и технички студии, а на трето место се општествените науки.
Тоа што е интересно е дека во надзорните одбори, каде пред би требало да членуваат луѓе со правна и финансиска позадина, има 22% технички лица, 12% од општествени науки и 4% со студии од уметност или хуманистички науки.
Надзорните одбори имаат функција да го надгледуваат материјалното и финансиско работење на институциите. Оттука, се доведува под знак прашање колкав е капацитетот на надзорните
одбори соодветно да ги исполнуваат своите надлежности.