еМагазин
Image default
Бизнис

Среќен 8 Март: Само 5 проценти од директорите на јавните институции се жени

Студијата за раководењето со јавните претпријатија: Кој тоа таму управува?, изработена од Институтот за демократија, покажува значителна нерамнотежа во однос на родовата структура на менаџментот на институциите.

„Разликите помеѓу различните типови на институции не се значителни што укажува дека родовата нерамнотежа е резултат на системска негрижа за правична застапеност во оваа смисла.

Така, само 29% од управувачките структури се жени што е во спротивност со политиките за промоција на родова еднаквост.  Најголемата нерамнотежа е забележана кај директорите на институциите, каде само 5% од именуваните лица се жени. На спротивната страна отскокнува состојбата кај колективните органи, каде 43% од членовите се жени.

Резултатите сугерираат дека во овие случаи, најчесто комисии, се води повеќе грижа за родова застапеност, па процедурите и праксата кај овие институции имаат подобар исход“, се вели во студијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Среќен 8 Март: Дискриминаторска мерка на Владата за поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство

Среќен 8 Март: Жените тешко доаѓаат до раководни позиции и се надвор од пазарот на труд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интернешнел Хотелс во првите три месеци во загуба

Редакција

Промени во Одборот на директори на ЗК Пелагонија

Редакција

Трговците на мало треба да обезбедат ред и дисциплина во објектите за почитување на мерките за заштита од Ковид-19

Редакција