еМагазин
Image default
Локално

Здружение „Стар Лагадин“: Очекуваме рушење на хотелскиот комплекс

Здружението на граѓани „Стар Лагадин” имале продуктивната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и всрки Горан Сугарески со нивниот тим во врска со урбанистичките проблеми на Охридското крајбрежје, село Лагадин, информираа од таму.

„Беше напомната заедничката заложба во борба против неправилностите во изградбата на објекти долж Охридското крајбрежје во зачувување на природната уникатност и биодиверзитетот на Охридското езеро и културното наследство на овој регион, заштитено од УНЕСКО.

Ги цениме напорите на премиерот и министерот да изнајдат решение за ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба, односно да не се постапува по Општиот акт за сите започнати, одобрени и потенцијални барања чија основа бил/е Општиот акт сé до донесување на Детален Урбанистички план за село Лагадин.

Воедно, го цениме и напорот во изнаоѓање на решение објектот „хотелски комплекс Лагадин” да биде отстранет, срушен, поради прекршување на повеќе законски регулативи споменати во Извештајот на Државниот градежен инспекторат по координативната ревизија на објектот од 27.01.2017 година.

Здружението “Стар Лагадин” останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје. Отворени сме да го поддржиме новиот Детален урбанистички план за село Лагадин кој би ги задоволувал сите урбанистички, градежни и еколошки регулативи“, се вели во соопштението.

Своите понатамошни активности здружението ќе ги конципира во зависност од мерките кои ќе ги превземат надлежните институции, пред се надлежното министерство и Општината Охрид, во однос на ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба и рушење на неправно изградениот хотелски комплекс Лагадин во село Лагадин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Притисокот кон Заев за Лагадин се зголемува: Мала е границата од херој до злосторник

Охрид СОС со реакција за Лагадин: СДСМ ќе биде партијата која ќе го однесе регионот на Листата на светско наследство во опасност

Режисерот Иван Поповски со писмо до Заев напишано од неговата ќерка: Повеќе згради во Лагадин, повеќе гомца во езерото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албански државјанин нападнал полицајци во Струга

Редакција

(Фото) Пијан возач „влетал“ во кафеана во Македонска Каменица

Редакција

29-годишна девојка од Штип убиена од нејзиниот партнер

Редакција