Чувстувувам тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кои тој не навлегува, во малцински прашања. Има напад врз него во Грција дека отвора малцински прашања и има напад овде кај нас, дека на некој начин одбегнува такви прашања, рече попладнево министерот за надворешни реботи Никола Димитров, одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со својот чешки колега Томаш Петжичек.
На новинарско прашање на кој јазик зборува македонското малцинство во Грција, Димитров напомена дека Договорот од Преспа воведува, врз основа на нашето право на самоопределување, едно разбирање дека идентификацијата со Македонија и македонски значи една работа во оваа земја, а друга работа во Грција.
Министерот оцени дека ова прашање е мотивирано и дека можеби има цел да го урне и да го компромитира, како што рече, овој крупен процес кој целиот свет го нарече не само успех за Балканот, туку и европски и светски успех.
-Договорот зборува за македонскикот јазик како македонски јазик. Чувстувувам и таму и тука тенденција Договорот да се внесе во води во кој тој не навлегува, во малцински прашања. Има напад врз него во Грција дека тој отвора малцински прашања, и има напад овде кај нас, дека тој на некој начин одбегнува такви прашања.
Договорот убаво вели дека за тие деликатни прашања нема да се мешаме во внатрешните работи, тоа е важно прашање за грчкото општество и мислам дека во периодот какво прашање сме затвориле и каков ни е контекстот денес ни треба поголема мудрост и зрелост да се фокусираме на тоа што го правиме и што регулира Договорот.
Ова, според мене, е мотивирано можеби и грешам и има цел да го урне и да го компромитира овој крупен процес кој целиот свет го нарече не само успех за Балканот, туку и европски и светски успех“, истакна шефот на дипломатијата.
МИА/Фото: МНР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитров: Ние зборуваме македонски, грчките Македонци грчки јазик