еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осудените за „27 април“ во притвор

Судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска го прифати барањето на Обвинителството за обезбедување притвор на обвинетите во настаните од 27. април во Собранието кои вчера добија вкупно 211 години затвор.

Обвинетите, со исклучок на неколкумина, претходно побараа да бидат ослободени од притвор до правосилноста на пресудата.

Шеснаесет од седумнаесетте обвинетите вчера беа осудени на казни затвор во висина од 7 до 15 години, додека ослободен од обвинение е Игор Дурловски.

Во изјава за медиумите обвинителката Ивана Трајковска истакна дека правдата е задоволена во однос на пресудата и посочи дека откако Обвинителството ќе ја добие пресудата на писмено ќе донесе одлука дали ќе поднесува жалба за пресудите.

Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Никола Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години.

Осудени се за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја.

На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чавков на Фејсбук: Казната е драконска, вилата на Халкидики ако ја најдете ја поклонувам

„Да не ги помилуваа 300 години ќе беа“: Твитер за пресудите за 27 април

Пресуди за „крвавиот четврток“: Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, Игор Дурловски е ослободен…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа регистрирани 107 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 83

Редакција

Миле Сугарев на местото на Ден Дончев

Редакција

(Фото) „Да не го гори јорганот, за неколку болви“: Порака од „Огнената група“ на ДУИ до Ахмети

Редакција