На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), претседателката Билјана Ивановска, на новинарско прашање до каде се 18. предмети за судир на интереси отворени на 18. јануари годинава, информира дека два предмета се затворени.
Во првиот случај за вработувањето на ќерката на пратеничката Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолоши развој добиле информација дека таа воопшто не конкурирала таму.
Во вториот случај – за сопругата на поранешниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, рече дека добиле информации оти таа била ангажирана со договор на дело како наставник во основно училиште две години, по што по автоматизам и се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.
МИА/Фото: Фејсбук/Ивановска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не се знае по кој критериум била избрана ќерката на Џафери, која се вработи во ЕЛЕМ