еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечна закупнина за стан во Центар еднаква на „кирија и трошоци“ за два стана во Струмица

Големи разлики во висната закупнината на станови кои достигнуваат неколку пати има во завиност од општината во која се наоѓа недвижноста.

Во периодот октомври-декември 2018 година просечната закупнина за стан во скопски Центар изнесувала 291 денар за квадрат, додека во Струмица 110 денари за кавадрат.

Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар 318, во општина Аеродром 152, општина Карпош 137 и општина Битола 113 регистрирани закупи.

Во периодот октомври-декември 2018 година во општините Арачиново, Дебарца, Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Лозово, Сопиште, Старо Нагоричане и Центар Жупа, нема регистрирано ниеден договор за закуп на недвижности. Исто така има 8 општини каде што има регистрирано само по 1 закуп, покажуваат .

Во изминатиот период во Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар за недвижности  се запишани 1.951 закупи.

Најголем број од овие закупи припаѓаат на деловни простори и тоа 40%, односно 781 трансакции, станови со 36%, односно 704 трансакции, земјоделско земјиште со 11% од пазарот на закупи на недвижностите,  односно 204 трансакции на ваков тип недвижност. Куќите учествуваат на пазарот со 9% закупи, градежното земјиште со 2% закупи, а додека индустријата и останатите недвижности со по 1% од вкупниот пазар на закупи на недвижности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Становите во Аеродром одат како алва, во Битола најмногу продадени куќи

Становите во Гази Баба речиси двојно поевтини отколку во Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кристал 1923„ дупло го зголеми надоместокот на неизвршните членови на Одборот на директори

Редакција

СЗО за „продолжен ковид“: Замор, отежнато дишење, болка во градите, мускулна слабост

Редакција

Државниот завод за статистика купува автомобил за 16.500 евра

Редакција