еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Витамин Ц со 30 портокали во 1 шише: Новиот супермоќен серум со чист витамин Ц од Anew

Avon, првата компанија која го стабилизира витаминот Ц во 1996та година и е пионер во иновациите за нега  на кожа, го претставува ANEW серумот со витамин Ц, моќен препарат кој содржи 10% моќен, стабилизиран и чист витамин Ц за инстантно сјајна и блескава кожа.

Едно шишенце од новиот ANEW серум ја содржи истата количина на витамин Ц која ја има во 30 портокали.

„Витаминот Ц е неопходна состојка за сјајна кожа, кој нашето тело не го произведува. Овој моќен анти-оксиданс помага во заштитата од слободните радикали и видливо ги подобрува текстурата и сјајот на кожата, ги брише фините линии и го изедначува тенот.

Но, бидејќи витаминот Ц може брзо да ја изгуби моќта при контакт со светлина и воздух, неговата ефикасност може да биде доведена во прашање.

Токму затоа, со помош на експертизата и како прв бренд кој го стабилизирал витаминот Ц во 90те години од минатиот век, ние развивме моќна, чиста и стабилна формула која останува активна од првата до последната капка, со еднаква концентрација на витамин Ц која е содржана во 30 портокали – многу повеќе споредено со другите производи со витамин Ц кои се нестабилизирани или се составени од деривати на витаминот Ц”, објаснува Ентони Гонзалес, Директор на регионалниот центар за развој на шминка и нега на кожа во Avon.

Развиен од страна на наградуван тим од Avon, составен од научници и експерти за убавина, новиот супермоќен серум ја има една од највисоките стапки на позитивна реакција во историјата на брендот ANEW: при клиничко испитување, 99% од жените изјавиле дека серумот го зголемил сјајот на кожата, додека 92% се согласни дека серумот ја направил кожата посвежа на изглед и допир.

Исто така, 91% се согласни дека серумот на ANEW со витамин Ц ја направил кожата посветла, посјајна и ревитализирана.

Anew серумот со витамин Ц е соодветен за секоја возраст – за корисниците кои започнуваат да размислуваат за нега на кожата и за оние кои веќе внимаваат на негата, но се уште се во потрага по серум кој ќе им го даде идеално блескавиот одморен тен. Сега, со новиот серум со витамин Ц од Anew, нивната потрага е завршена.

Како делува?

Серумот со витамин Ц од ANEW се нанесува наутро или навечер на чиста и сува кожа. На дланката се нанесуваат 1 до 2 истиснувања од серумот и со помош на врвовите на прстите, нежно се размачкува на чиста кожа со лесни движења нанадвор и навнатре, избегнувајќи ја областа околу очите.

Дозволете производот целосно да се впие пред да го нанесете дневниот или ноќниот хидрантен крем за лице.

Новиот серум за зголемен сјај на кожата со витамин Ц од Avon е достапен преку најблискиот Avon Претставник. Повеќе информации за производот и онлајн порачување овде.

За Avon

Над 130 години Avon се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни претставници ширум светот ги продаваат врвните Avon брендови како Avon Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време.

Avon ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донираше над 1 милијарда долари за женските каузи преку Avon и Avon Фондацијата.

Повеќе информации за Avon и неговите производи на www.avonworldwide.com.

#Stand4Her

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката „Жан Митрев“ во постојана борба со корона вирусот: Применети најновите трендови за лекување

Редакција

Д-р Драган Ѓорѓиевски: Омикрон често ги напаѓа очите

Редакција

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Редакција