еМагазин
Image default
Локално

Ограбил црква, болница и три кафани за помалку од три недели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(18) од село Озормиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три „тешки кражби“, една „тешка кражба во обид“ и една „кражба“ и против Џ.И.(28) од село Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“, информира МВР.

Во периодот од 24.12.2018 до 12.01.2019 на подрачјето на Тетово, во црква, болница и три угостителски објекти, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет влегувал и одземал пари, алкохолни пијалоци и телевизор. Второпријавениот за одреден надомест го земал телевизорот иако знаел дека потекнува од кривично дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 10 месеци без прегледи, жените од Општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог

Редакција

Скопјанка со тврд предмет „расчистувала“ расправија со татко и

Редакција

За организирање прослава во затворен простор кривична пријава за 14 лица од беровско Двориште

Редакција