Со вкупен обем на трговска размена од 58,2 милиони евра Грција во јануари, годинава се најде на третото место на листата најголеми трговски партнери на земјава.
Извозот кон Грција во јануари, годинава изнесувал 11,2 милиони евра, а увозот околу 47 милиони евра, што значи дека државава има минус во трговската размена со јужниот сосед.
Зголемувањето на економската соработка е една од темите на која ќе разговараат премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев при денешната средба во Скопје, каде во придружба на Ципрас се дојдени и голем број грчки бизнисмени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно
Над 70 грчки компании дел од бизнис делегација што со Ципрас ќе дојдат во Скопје
Комората на трговци од Солун одби да дојде во Скопје заедно со Ципрас
Фото: Влада