еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

По 20 години пауза: Договор за одбранбена соработка меѓу Грција и нашата земја

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната билатерална средба со министерот за национална одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис, дел од високата грчка делегација предводена од премиерот Алексис Ципрас потпишаа нов сеопфатен договор за соработка во одбраната, 20 години по потпишувањето на првиот Договор за соработка од овој тип, информираат од Министерството.

„Денеска сме сведоци на огромен чекор напред во зацврстувањето на соработката во одбраната меѓу Северна Македонија и Грција. Иницијативата за потпишувањето на Договорот произлезе од нашата прва министерска средба на 13 февруари во Брисел. Од нашиот прв состанок зборуваме со еднаква посветеност суштински да ја засилиме соработката во одбраната, да покажеме дека сојузништвото во НАТО кон кое нè води Преспанскиот договор е исклучиво во интерес на граѓаните на двете земји. Договорот за соработка во одбраната ја покажува нашата посветеност за соработка“, рече министерката на заедничкиот состанок на двете делегации.

Министерот Апостолакис потенцираше дека неговата денешна посета на нашата земја како дел од грчката официјална делегација предводена од премиерот Ципрас, претставува печат на силната волја да се засили и прошири билатералната соработка и да се подигне на ниво на стратешко партнерство во областа на одбраната. Тој рече дека двете земји ја пратиле пораката на помирување и соработка.

„Договорот за соработка во одбраната што го потпишавме е јасен доказ за нашата силна намера да отвориме нова ера во билатералната одбранбена соработка меѓу двете Армии“, рече Апостолакис и потенцираше дека тој и министерката Шекеринска имаат еднаква решеност соработката што поскоро да покаже резултати.

Во договорот, како што соопштуваат од Министерството, се наведени областите на соработка од взаемен интерес – стратешки дијалог, одбранбената политика и доктрини, развој на одбранбените способности, одбранбеното планирање, логистиката, воената медицина, военото образование…

Министрите Шекеринска и Апостолакис заклучија дека денешната средба и новиот Договор за одбранбена соработка се исклучителна можност за нова стратегиска соработка на билатерален, регионален план, но и како сојузници, во рамки на НАТО – Алијансата.

Фото: Министерство за одбрана

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Мукоски и Канческа-Милевска го пречекаа Ципрас, тој им честиташе за храброста

(Фото) Заева и партнерката на Ципрас на прошетка на Кале

Заев-Ципрас: Мора да трчаме и брзаме, изгубивме три децении

Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Ципрас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Охрид отворен Конзулат на Србија, за почесен конзул е избран Михајло Филев

Редакција

Вучиќ на 28 и 29 јули во Скопје на Економски форум со претставници на над 175 српски фирми

Редакција

Вучиќ по средбата со Ковачевски и Рама: Се договоривме да заврши процесот за осигурување на работните дозволи

Редакција