еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

М-НАВ: Пилотот на авионот кој се урна на Солунска Глава имаше дозвола за слетување на скопскиот аеродром

Малиот авион од типот цесна П210Н кој вчера попладне се урна кај Солунска Глава при што загинаа четворица бугарски државјани, имал дозвола за слетување на аеродромот во Скопје, како алтернативен аеродром согласно веќе одобрениот план за летање, информираат од М-НАВ.

– На воздухопловот цесна П210Н  кој вчера попладне се уран во близина на Солунска Глава му беше одобрено да се упати кон скопскиот аеродром согласно одобрениот план за лет, каде алтернативен аеродром бил аеродромот во нашиот главен град, велат од М-НАВ.

Од таму најостро ги демантираат наводите пласирани во одредени медиуми дека не било дозволено упатување на воздухопловот кон скопскиот аеродром.

– Уште еднаш потенцираме дека на воздухопловот цесна П210Н, му било одобрено да се упати кон скопскиот аеродром, согласно одобрен план за лет, каде алтернативен аеродром бил аеродромот во Скопје, се наведува во соопштението.

М-НАВ апелираат во интерес на истрагата и од почит кон загинатите и нивните најблиски да не се шират понатамошни дезинформации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР објави видео од авионската несреќа на Солунска глава

Обвинителство за авионската несреќа на Солунска глава: Увидот се уште трае

Во несреќата загина цело семејство: Продолжува акцијата да се дојде до урнатиот авион на Солунска глава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид

Редакција

Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска

Редакција

(Видео) Ќе падне ли Киев под опсада: Руски воен конвој, долг повеќе од 60 километри се движи кон главниот град на Украина

Редакција