еМагазин
Image default
Македонија

Почнаа „закачките“: Петмина му одзеле пропаганден материјал за претседателските избори

На 07.04.2019 година во 11.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.И.(25) од Скопје пријавил дека на 07.04.2019 околу 03.00 часот на ул. „Перо Наков“, од страна на пет лица му бил одземен пропаганден материјал за Претседателски избори 2019, по што Н.И. си заминал, информира МВР.

Веднаш по добивањето на пријавата известен е јавен обвинител и преземени се соодветни мерки и активности. Во полициска станица во врска со овој случај е извршен службен разговор со Г.Ѓ.(26) и Б.А.(23).

До надлежното Основно јавно обвинителство е поднесено писмено известување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коронавирусот го одложи судењето за „Рекет“, Јанева побара да седи дома оти била во ризична група

Редакција

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Редакција

Намалување од 39,7%: За една недела 2.076 нови случаи на Ковид-19

Редакција