еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани ќе ја плаќаат Авганистанската национална армија

Владата на една од изминатите седници го задолжила Министерството за надворешни работи да издвои финансиски средства од буџетот за 2019 година, во износ од 12.400.000 денари (206.000 евра) за контрибуција во Доверителниот фонд на НАТО за Авганистанската национална армија (АНА) во функција на поддршка на безбедносните сили и институции на Авганистан.

Истовремено Владата препорачала во наредните три години (2020-2022 година) финансиските средства за учество во Доверителниот фонд за поддршка на Авганистанската национална армија (АНА), да се планираат во буџетот на Министерството за одбрана, како одраз на посветеноста на Владата покрај учество со сили во операциите на НАТО, да го продолжи учеството во доверителните фондови на НАТО, согласно заедничките заложби на Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чантата „Луј Витон” е кај родителите на Боки 13 или е вратена кај Камчев?

Редакција

Штипски Бетон во загуба

Редакција

Девет нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци, два во Неготино

Редакција