еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Состојбата со морбилите алармантна: Од утре теренска вакцинација во основните и средните училишта

Од утре ќе има теренска вакцинација во основните и средните училишта, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

„Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање на што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени.

Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој“, вели Адеми.

Министерот вели дека во оваа насока ќе бидат нивните решенија, законски и подзаконски, но ситацијата со морбилите, како што рече, станува алармантна.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Морбилите предизвикуваат абортуси, предвремени породувања и зголемена смртност на плодот

Прогласена епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата со примени три дози ДиТеПер во изминатите шест месеци може да посетуваат градинка

Редакција

Еден тим на итна помош во Струмица и Тетово, „покрива“ дури по 40.000 жители дневно

Редакција

Подгответе се за промена на времето: До среда сончево и топло, од четврток заладување и дожд

Редакција