На 18.04.2019 година во 21.40 часот во Полициската станица Центар, М.А.М.(38) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот на плоштад „Македонија“ нејзиниот 13 – годишен син, кој бил со своите брат и сестра, бил физички нападнат од две непознати лица, информира МВР.
Истиот ден во 20.30 часот во СВР Скопје, А.Д.(34) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот на улица „Димитрија Чуповски“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.
Се работи на расчистување на случаите.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.