еМагазин
Локално

„Југо“ се удрило во „пежо“: Две деца повредени во сообраќајна несреќа

На 19.04.2019 година во 17.35 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“, управувано од А.М.(37) од Скопје и патничко возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(32) од Скопје.

По незгодата М.А. и сопатниците од нејзиното возило „Пежо 307“, И.Н.(32) и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле  пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош.

Додека, кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вреќа со отпад во Општина „Ѓорче Петров“ пронајдена шок-бомба

Редакција

Тешко повреден пешак од Кавадарци починал во Клиничкиот центар во Скопје

Редакција

Skopje Cocktail Week, настан во градот кој ја слави коктел културата

Редакција