еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) од обработени 99,57 отсто од гласовите, за Стево Пендаровски гласале 322.605 граѓани, за Гордана Силјановска-Давкова 318.247, а за Блерим Река 79.725 граѓани.

Овие бројки како за прв круг се едни од најмалите во досегашните трки за претседател на државата. По правило во вториот круг гласаат помалку граѓани, а дали тоа ќе се случи и овој пат ќе видиме на 5.мај.

Рекордер во освоени гласови на претседателски избори е Киро Глигоров.

Причини за огромните разлики од времето на Глигоров и денеска се секако непрочистениот избирачки список, иселувањето на голем број на граѓани од државата, а не е за потценување и недоволниот интерес на граѓаните за гласање, што во овој прв круг резултираше со ниска излезност од околу 42%.

Колку гласови освоија Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов

За претседател на Република Македонија Киро Глигоров беше избран на 27 јануари 1991 година од македонското Собрание, кога доби поддршка од 114 од вкупно присутните 119 пратеници, а по втор пат беше избран на првите непосредни претседателските избори одржани во октомври 1994 година.

На изборите учествуваа двајца кандидати, тогашниот актуелен претседател Киро Глигоров кој освои 52,4 отсто (715.087 гласа) од гласовите на вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список, додека неговиот против-кандидат Љубиша Георгиевски 21,6 отсто (197.109 гласа).

Борис Трајковски беше инаугуриран како втор по ред претседател на Македонија на 15. декември 1999 година.

Првиот круг на претседателските избори се одржа на 31 октомври, а вториот на 14 ноември 1999 година. Поради констатирани нерегуларности изборниот процес од вториот круг беше повторен на 5 декември 1999 година.

Негови противкандидати на изборите во првиот круг беа Тито Петковски, Васил Тупурковски, Муарем Неџипи, Стојан Андов и Мухамед Халили.

Во вториот круг од изборите учествуваа кандидатите Тито Петковски и Борис Трајковски. По одржаниот втор круг и по прегласувањето во одредени избирачки места, Борис Трајковски освои 53,2 отсто од гласовите (582.808 гласа), а Тито Петковски 46,8 отсто (513.614 гласа).

На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, одржани по загинувањето на претседателот Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.

Граѓаните во првиот изборен круг одржан на 14 април 2004 година, избираа помеѓу четворица предложени кандидати: Бранко Црвенковски од СДСМ, Гзим Острени, Зуди Џелили и Сашко Кедев.

Во вториот изборен круг одржан на 28 април 2004 година мнозинството гласови ги освои Бранко Црвенковски. Тој ја доби довербата од 550.317 гласачи, односно 62,6 отсто од вкупниот број гласови, наспроти Сашко Кедев кој беше поддржан со 329.179 гласови, односно 37,4 отсто од вкупниот број важечки гласачки ливчиња.

Ѓорге Иванов беше избран на претседателски избори одржани на 22 март и 5 април 2009 година.

На овие избори во првиот круг учествуваа седум кандидати за претседател на државата. Покрај Ѓорге Иванов во изборната трка за претседател учествуваа и Љубомир Фрчкоски, Имер Селмани, Љубе Бошкоски, Агрон Буџаку, Нано Ружин, Мируше Хоџа.

Вториот изборен круг се одржа на 5 април 2009 година. Ѓорге Иванов освои 63,14 отсто, односно 453.616 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња, додека претседателскиот кандитат Љубомир Фрчкоски ја заврши изборната трка со освоени 36,86 отсто од вкупниот број гласови, односно 264.828 гласа.

На петтите по ред претседателски избори одржани во април 2014 година, претседателот Иванов беше повторно избран и доби нов петгодишен мандат.

Ѓорге Иванов освои 55,28 отсто, односно 534.910 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња, додека претседателскиот кандитат на СДСМ, Стево Пендаровски 41,14 отсто од вкупниот број гласови, односно 398.076 гласа.

Во претседателската трка покрај Иванов и Пендаровски учествуваа и Зоран Поповски и Илијаз Халими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „збесна“ за изборите: „За прв пат Бојкотирам и ДУИ се на иста линија“

“Тепачка“ за гласовите на Блерим Река

Најнови податоци од ДИК: Пендаровски 322.605, Силјановска-Давкова 318.247, Река 79.725 гласа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веднаш по пристигнување поради високите температури повлечени хеликоптерите од Пехчевско

Редакција

„Ќе се апси ли нешто до октомври или по одмори ќе се иде?„: Твитер реакции за недобивањето датум за преговори со ЕУ

Редакција

Познати кандидатите на Беса за идни министри

Редакција