еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За една недела 95 нови случаи на морбили, вкупно 1.175 заболени досега

Д-р Владимир Микиќ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, денеска, по одржување на состанокот на комисијата информираше дека заклучно со денешниот ден до Институтот за јавно здравје се пристигнати 95 пријави за нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број заболени изнесува 1.175 во епидемијата која е прогласена на ниво на цела држава.

-Оваа недела најголем дел од заболените се од Скопје – 60 лица, додека останатите се од другите градови. Најголем број од заболените се на возраст од 4 години и лица над 30 години. Во однос на дистрибуцијата по возраст, најголема стапка за заболување има кај децата под 1 година.

Досега во епидемијата се регистрирани 200 деца, кои се на возраст под 1 година, следните се на возраст од 1 до 4 години, а релативно висока стапка на заболување има и кај лицата од 30 до 39 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените кои се пријавени оваа недела –тие не се вакцинирани.

Кај децата на возраст од 4 години, повеќе од 90% од заболените се невакцинирани. Вкупно минатата недела беа вакцинирани 920 деца на возраст од 1 до 14 години, од нив 160 деца се во училишна, додека останатите се од предучилишна возраст, информираше д-р Микиќ.

Во Скопје од почетокот на епидемијата, вкупно се вакцинирани 12.848 деца до 14–годишна возраст, а во другите градови, вкупно вакцинирани  8.320 деца до 14-годишна возраст со прва или втора доза.

Инаку, вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 21.168 лица.

Д-р Микиќ истакна дека е потребно да се засили мерката за вакцинација кај предучилишните деца, посебно надвор од Скопје зашто таму се уште има  деца кои се подлежни на вакцинација, а не се вакцинирани. Во Скопје со прогласувањето на епидемијата, и засилените мерки од децата кои не беа вакцинирани, сега се вакцинирани.

За потсетување, Комисијата за заразни болести на 16 април 2019 година донесе заклучок да се прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела држава и за таа цел беа донесени препораки и мерки за спречување на натамошно ширење на епидемијата и тоа:

– Строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава

– Забрана за посети во стационарни здравствени установи во целата држава

– Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интрахоспитално ширење на инфекцијата

– Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози МРП

– На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери нивниот вакцинален статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани

– Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Liebherr фрижидери и ладилници, спој на модерни и квалитетни апарати за домаќинства и компании

Редакција

Куновска ги „подбра“ Шеќеринска и Заев: Кусо паметење за ставовите за амнестијата

Редакција

Многу поблиску сме до решение со Србија за природен гас за нашата гасна централа, тврди Ковачевски

Редакција