За новиот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев на веб страната на Државната комисија за спречување на корупција можат да се најдат два анкетни листа.
Едниот е од минатата година кога станал член на Судскиот совет.
Вториот е кога станал судија во Врховниот суд во 2004 година.
Според податоците кои ги доставил до Комисијата минатата година, пријавил заеднички стан во Штип од 58 метри квадратни, а на име на децата стан во Скопје од 65 метри квадратни.
На девизна штедна книшка, пак, како заеднички имот пријавил 22.500 евра.
Како заеднички имот пријавил и кредит, кој треба да се исплаќа до следната година.
Целиот анкетен лист, ОВДЕ.
Во постариот анкетен лист пријавил уште еден стан на име децата во Скопје од 38 метри квадратни и куќа за одмор од 20 метри квадратни во Штип.
Целиот анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е наследникот на Караџовски, Киро Здравев, новиот претседател на Судскиот совет
Судијата Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет