еМагазин
Image default
Македонија

Детали од Обвинителството за убиството во Рашче

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што вчера беше пронајдено починато машко лице, информираат од Основното јавно обвинителство.

Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Издадени се наредби за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, соопшти Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж убиен кај скопско Рашче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По четворица е распишана централна потерница, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани

Редакција

Детален преглед: Кисела Вода меѓу трите скопски општини со најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција

Ќе биде распишан оглас за избор на 31 судија низ 13 основни судови од внатрешноста

Редакција