еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонските банки скржави на вработувања: За цела година бројот на вработени се зголемил за само 4 лица

Во 2018 година, бројот на лица вработени во банкарскиот систем во земјава незначително се промени (се зголеми за 4 лица) и изнесува 5.933, соопшти Народната банка во најновиот извештај за ризиците во банкарскиот сектор.

„Квалификациската структура на вработените во банкарскиот сектор бележи понатамошно подобрување. Учеството на вработените со минимум високо образование и натаму се зголемува, достигнувајќи 81% од вкупниот број вработени во банкарскиот систем, што претставува годишен раст од 2,2 процентни поена“, се вели во извештајот.

Во него се додава дела продуктивноста на банкарскиот систем и натаму се подобрува.

„Растот на активата во 2018 година позначително забрза, при незначителна промена на вкупниот број вработени. Но, анализирано по поединечна банка, разликите во продуктивноста на одделните банки се значителни и дополнително се продлабочија во 2018 година, најмногу како резултат на подобрувањето кај банките со повисока продуктивност.

Зголемувањето на износот на активата по вработен е особено забележително кај банката со највисока продуктивност во секторот, а произлегува од солидниот годишен раст на активата на оваа банка (23,6%), при истовремено намалување на бројот на вработени (-13,4%)“, пишува во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Над 60.000 граѓани од земјава и регионот ја дочекаа Нова година на концертот на Дино Мерлин во Скопје

Редакција

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава

Редакција

ТУИ ервејс најавува сезонска линија од Манчестер до Охрид

Редакција