еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска прифати една од трите претставки на ВМРО-ДПМНЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска прифати една од трите претставки предложени од ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

ДКСК заклучи дека има повреда на членот 36 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во случајот против Општина Куманово заради дозволување на користење на салата на Советот на општината за предизборни средби на кандидатот за претседател од СДСМ со помалите етнички групи во Куманово.

ДКСК од претставката утврди дека не се работи за објект во сопственост на општината, туку за имот на Република Македонија доделен на користење на општината во 2006 година за кој се води судска постапка за утврдување право на сопственост меѓу СДСМ, ССМ и Здружението на борците.

Комисијата и препорача на општината да ја уреди сопственоста.

Не беше покрената постапка против градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш за злоупотреба на службено возило во предизборна кампања во општина Крива Паланка, бидејќи од поднесените докази, како што беше посочено не може да се утврди кога се случил настанот, дали бил дел од кампања и дали возилото е на општината, бидејќи не му се гледаат табличките.

Не беше покрената постапка и против градоначалникот на Велес, Аце Коцевски за асфалтирање улица во велешкото село Црквино за време на кампањата. Комисијата заклучи дека етиката и моралот не се во нивна надлежност и оти нема основа за покренување постапка.

Пред почетокот на седницата на ДКСК, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски поднесе барање за дополнително преиспитување на неколку случаи поврзани со премиерот Зоран Заев како што се Глобал, Цареви Кули, земјиштето во старата касарна во Струмица, Тотал инженеринг, „едно евро за Вицето“, МХЕ Тополки, фирмите на Заеви во Бугарија – Ориент груп, Гомасидра и Радиша трејд, како и за фирмата Мегатрон на Дамјан Манчевски и случајот за вработување на ќерката на пратеничката Катерина Кузмановска на ГАК.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава

Редакција

Советот на Европа регистрира сексистички навреди и закани за силување кон македонски новинарки

Редакција

Прифаќање на барањето на Радев за писмени гаранции ќе значи комплетна капитулација, вели Мицкоски

Редакција