На 12.05.2019 година во 12,15.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П. (69) пријавила дека нејзиниот поранешен зет С.К. (46), српски државјанин, откако се довел во алкохолизирана состојба упатил закани по живот кон неа и кон нејзините две ќерки при што во еден момент се обидел физички да ја нападне една од нејзините ќерки, информира МВР.
Од страна на полициски службеници во координација со дежурен ЈО, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, С.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица По целосно документирање на случајот против него ќе биде поснесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.