еМагазин
Image default
Локално

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

Едно лице на 61 годишна возраст од село Босилово загина во сообраќајната несреќа што се случи претпладне во 10:40 часот на патот Струмица-Ново Село, пред влезот во Босилово.

Според првичните информации, автомобилот марка „фиат браво“ од засега непознати причини излетал од патот и се забил во дрва покрај коловозот, а возачот починал на местото на несреќата.

Од силината на ударот автомобилот е целосно уништен, а во извлекувањето на починатиот возач учествувале шест пожарникари со специјална хидраулична алатка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турчин лажно пријавувал сонардници на меѓународен универзитет во Гостивар

Редакција

Скопјанец пронајден починат во автомобил

Редакција

Физички нападнал 19-годишна девојка на „Партизанска“

Редакција