еМагазин
Image default
Македонија

За потребите на НАТО грчки воени авиони пробно прелетаа над Македонија

Со два прелета во воздушниот простор на земјава изутринава во 7:30 до 9:30 часот се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор).

Прелетот го извршија воздухоплови на вооружените сили на Република Грција.

Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на земјава во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана.

Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Од денеска започна пријавувањето за вакцинирање во домашни услови

Редакција

Во Србија опаѓа бројот на Македонци, според последниот попис има само 14.767

Редакција

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите кои ги именува таа

Редакција