еМагазин
Image default
Македонија

Првиот човек на НАТО, Столтенберг повторно доаѓа во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат Република Северна Македонија.

Столтенберг и членовите на Советот за време на дводневниот престој во земјава ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки.

По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО. Советот ги надгледуваа политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса. Го сочинуваат претставници на сите земји членки, а претседавач е генералниот секретар.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма: Јанакиески барал, ама не добил амнестија од Иванов, па имал намера да бега

Редакција

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 21 нови пациенти, а 11 се со потешка клиничка слика

Редакција

Учениците на пролетен распуст од 29. април до 6. мај

Редакција