еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колкава моќ има Заев во партијата, што пишува во Статутот на СДСМ?

Смените во раководството на владејачката СДСМ деновиве се топ тема во јавноста и на социјалните мрежи, а во фокусот е лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев, од кого ќе зависи и како ќе „заигра метлата“ и во Владата.

Кои ингеренции ги има лидерот на СДСМ?

еМагазин го разгледа Статутот на партијата во кој меѓудругото се дефинирани и ингеренциите и овластувањата на претседателот на СДСМ.

Што пишува во Статутот?

Член 31

Претседателот на СДСМ:

– го претставува и застапува СДСМ

– раководи со СДСМ меѓу седниците на неговите органи

– учествува во градењето на политиката на СДСМ

– ги свикува седниците на Централниот одбор, доколку на негово барање тоа не го направи Претседавачот на Централниот одбор

– ги свикува седниците на Извршниот одбор

– именува и разрешува претседатели на општинските организации и претседател на градската организација на Град Скопје, по претходно утврдена постапка од страна на Централниот одбор

-предлага заменик претседател на СДСМ и

– извршува и други работи што му се ставени во надлежност со општите акти и со посебните одлуки на органите на СДСМ.

Мандатот на претседателот на СДСМ трае 4 години, со право на повторен избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ го менува Извршниот, кој се е во Централниот одбор?

Станува ли СДСМ партија на Зоран Заев?: Наместо институционална метла, казна за лошите изборни резултати

Спасовски, Шилегов, Бочварски, Манчевски, Зекири, Ременски „лоши“ за СДСМ, а за граѓаните?

Кој е Љупчо Николовски, новиот генерален секретар на СДСМ 

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот со Фронтекс останува непотпишан поради непризнавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија

Редакција

УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата: Пропуштеното мора да се надомести

Редакција

Спасовски: Заканата во следните две недели е страшна и радикална, пикот од 2.000 до 2.500 заболени

Редакција