еМагазин
Image default
Локално

Жичарницата на Водно утре нема да работи

Утре, четврток (30.05.2019 година), поради одржување на „Алпинистичка вежба-Водно 2019“, Жичарницата на Водно нема да работи до 12 часот.

Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.

„Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата, која ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП Скопје како субјект кој стопанисува со Жичарницата“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нарушени семејни односи причина за физички напад пред казино во Скопје

Редакција

Растурена домашна забава во Скопје, приведени 28 лица

Редакција

Пронајдени 15.000 пиротехнички средства во гепек на „мерцедес“ во Гостивар, приведено едно лице

Редакција